Ова е нашиот пријател и ова е Ковид, напиша Анистон под фотографијата од нејзиниот пријател кој е на респиратор (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 1:08 PM

Ова е нашиот пријател и ова е Ковид, напиша Анистон под фотографијата од нејзиниот пријател кој е на респиратор (ФОТО)

Ѕвездата од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон објавила на социјалната мрежа Инстаграм фотографија со нејзин пријател, а со тоа ги вознемири нејзините фанови.

https://www.instagram.com/p/CCEvWDPjXc8/?utm_source=ig_embed

На фотографијата е нејзиниот пријател Кевин, кој поради Ковид 19 неколку денови е во болница.

„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, ниту еден здравствен проблем. Ова е Ковид. Ова е страшно. Не можеме да бидеме толку наивни да помислиме дека ова можеме да го надминеме. Ако сакаме ова да заврши, а сакаме зар не, еден чекор кој можеме да преземеме, ве молам, носете маски“, напишала актерката под фотографијата.

https://www.instagram.com/p/CC1mLDPjfUC/?utm_source=ig_embed

Таа на многумина им порачала да помислат само на сите оние кои пателе поради „овој ужасен вирус“.

„Направте го тоа за своето семејство, а најмногу за вас. Ковид ги напаѓа сите старосни групи“, напишала Џенифер Анистон и додала дека фотографијата е направена на почетокот на месец април и дека Кевин сега се опоравува од корона вирусот.

За само 14 часа оваа објава на Анистон ја лајкнале повеќе од четири милиони нејзини следачи.

Преземено од: https://www.b92.net/