Најмалку две лица загинале кога холандски воен хелихоптер се срушил во Карипското море близу островот Аруба, соопштило Министертсвото за одбрана на Холандија.
Командантот на Вооружените сили во Холандија Роб Бауер изјавил дека не е јасно поради што хелихоптерот се срушил на околу 12,5 километри од холандскиот остров.
Несреќата се случила синоќа, на крајот од извидначкиот лет вдолж крајбрежјето. Бауер соопштил дека во несреќата загинале пилотот Кристин Мартенс (34) и тактичкиот координарот Ервин Варнис (33).
Тој нагласил дека во хелихоптерот се наоѓале уште двајца луѓе и дека не се сериозно повредени. Сите хелихоптери „NH90“ ќе бидат суспендирани до понатамошно известување, а за се ќе биде покрената истрага.
Премиерот на Холандија Марк Руте изјавил дека е шокиран поради несреќата и испратил соочувство до семејствата на жртвите.
Преземено од: https://avaz.ba/