Андските кондори, заштитени птици со еден од најголемите распони на крилјата во светот, можат да прелетаат дури пет часа и 160 километри, а воопшто да не замавнат со крилјата.
Тоа го открива новата научна студија што проучуваше повеќе андски кондори. Кондорот тежи и до 15 килограми, а распонот на крилјата му е дури три метри. Научниците во Патагонија почнаа експеримент, прв таков во светот. Следеа осум кондори во тек на дури 250 часови лет. Со одушевување констатираа дека само еден отсто од времето во текот на летот замавнуваат со крилјата. Тие, главно, ги користат ветерот и струењата на воздухот. На некој начин, во својот лет потсетуваат на авио-едрилиците, кои летаат без никаков погон.
„Знаевме дека кондорите се одлични пилоти, но не очекувавме дека се ексерти во толкава мера. Откритието дека речиси никогаш не замавнуваат со крилјата не шокира“, велат научници од универзитетите „Свонси“ и „Стенфорд“.


