Која порака се крие зад смешната маска на белгиската министерка за здравство? – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 8:56 AM

Која порака се крие зад смешната маска на белгиската министерка за здравство?

Белгиската министерка за здравство и вчера беше хит на социјалните мрежи откако со необичната маска се појави и во парламентот. Министерката Маги Де Блок носи маска на која се отсликува нејзиното лице.

Фотографија со маска на лицето таа ја објави и на Твитер, каде што напиша дека целиот приход од продажбата на маски оди во хуманитарни цели.

Белгија во саботата воведе обврска од носење маски во затворени простори, како продавници, музеи, кина, пренесува „Индекс“.