Време: Денес сончево – до 33 степени, утре и задутре потопло – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 5:49 AM

Време: Денес сончево – до 33 степени, утре и задутре потопло

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Mаксималната температура до 33 степени. УВ=9. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст. Утре се очекува да достигне до максимални 34, а в среда до 37 степени.