Несоница, секој од нас ја има помалку или повеќе во своите битки со проблемите во животот. Лишувањето од сон е еден од тие и е поврзано со стрес, недостаток на дневен ритам и емоционални шокови што ги доживуваме секојдневно. Неспиењето не е воопшто добро за нашиот организам.
Овој метод вклучува свесно релаксирање на мускулите, употреба на техники на дишење и визуелизација. Следните неколку чекори треба да се преземат пред да заспиете. Нема да ви одземат повеќе од две минути.
Тајната на брзото опуштање и дремливоста е опишана и во книгата „Опуштете се и победете: Совршен успех“- 1981 но дури сега за овој метод започна да се зборува јавно и се користи од обичните луѓе.
Методот опишан во оваа книга за 6 недели тестирање се покажа како ефикасен во 95% од случаите.Еве како оди тоа во неколку чекори:
Чекор бр. 1 – Опуштете ги сите мускули на лицето, вклучувајќи ги и оние на јазикот, вилицата и мускулите на очите.
Чекор бр. 2 – Максимално опуштет ги мускулите на рамената. Потоа целосно опуштете ја десната, а потоа левата рака.
Чекор бр. 3 – Издишете и опуштете го градниот кош. Потоа опуштете ги нозете, почнувајќи од колковите до прстите, десната па левата.
Чекор бр. 4 – Претходното е едноставно, но сега нешто покомплицирани:
–обидете се да не мислите на ништо.