Една камила неодамна успеала да расплаче милиони срца во Кина откако е објавено дека поминала 100 километри низ пустина за да се врати на првиот сопственик, осум месеци откако била продадена.
Кинеските медиуми неодамна ја објавија приказна за продадената камила која со денови патувала сама низ пустина со цел да стигне до својот поранешен сопственик откако осум месеци претходно била продадена на друг фармер.
Повредената камила случајно била забележана од еден овчар кој се шетал низ пустината, кој воедно и помогнал да си го најде својот поранешен сопственик. Информацијата стигнала до сопственикот на камилата кој веднаш побрзал да си ја врати, но откако слушнале за нејзиното макотрпно патување, и поранешниот сопственици посакале да ја вратат назад.
Темур, поранешниот сопственик на камилата и неговата сопруга, ја продале на друг фармер есента во 2019 година, кој бил одалечен од нејзиниот поранешен сопственик 100 километри. Се се чинело дека е во ред и дека камилата се прилагодила на својот нов дом, но само еден ден од летното шишање на камилите, таа избегала, пренесува Oddity Central.
Камилата имала повреди и се претпоставува дека ги здобила од преминување на ограда. Темур успеал да се договори со новиот сопственик и му понудил друга помлада, три години стара камила. Темур и неговата сопруга сега велат дека повторна продажба на „камилата бегалка“ не им доаѓа на памет.
„Нема да ја продаваме на никој повеќе,
бидејќи камилите се ителигентни животни“, изјавила жената на Темур, и додала дека ќе биде слободна до крајот на нејзиниот живот.
Видеото со приказната за „камилата бегалка“ го погледнале повеќе од 16 милиони луѓе.