Десетина компании од Штип, од кои половината се со над 300 вработени, имаат заболени со Ковид-19. Денешните бројки од 13 новозаболелени се смирувачки, по вчерашната рекордна бројка од 60 случаи. 33 од вкупно хоспитализираните 52 пацинети во штипската Клиничка болница, се од Штип.
Алармот е кренат и се очекува на состанок со сопствениците на овие компании, да биде побарано привремен прекин на работењето, додека не се смири состојбата со корона вирусот.
Ова го најави градоначалникот Благој Бочварски, според кого, вчерашната висока бројка е инцидентна поради скрингот во една конфекција. Тој побара поголемо ангажирање на полицијата и инспекторите на терен
– Контроли, казни, овде зборувам за неносење на заштитни маски, овде зборувам за секое непочитување на еден граѓанин, институција, компанија. Така што и во таа насока треба да постапуваме и знаеме сите дека во моментите, кога бевме дисциплинирани и кога сме дисциплинирани немаме проширување на овој вирус. Имавме помал број на новозаразени, кажа градоначалникот Бочварски.
Се бара поголеми контроли и за автобусите со кои се превезуваат работниците по конфекциите, придржување кон личните мерки, а се укажува на поголема контрола и кај граѓаните.
Од Центарот за јавно здравје укажуваат на непочитувањето на мерките од страна на граѓаните, па често, новозаболените не знаат да кажат каде заболеле, бидејќи се движеле насекаде, а имале и многу контакти. Ова важи и за младите, кои се групираат по кафулињата, парковите и местата за собирање.
Поради константно високата бројка на заболени во Штип, која со денешните нови 13 случаи изнесува 277 активни, како и полните болнички капацитети, се размислува за нов ковид центар. Се разгледува просоторот во Општата болница во Кочани, како потенцијален нов ковид центар. Таму би се поставила монтажна болница, која би профункционирала во септември.
По виоските бројки, граѓаните меѓу себе прауваат што е следно – ќе оди ли Штип под карантин?
Каква ќе биде одлуката на Комисијата за заразни болести, ќе видеиме утре, по редовниот состанок да ја разлгледува состојбата со ковид во Штип. Извесно е дека ќе се зголемат контролите, но дали ќе има заострување на мерките, ќе знаеме деновиве.