Пазарните инспектори затекнале 500 млади како се журкаат во клуб во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/20 3:38 PM

Пазарните инспектори затекнале 500 млади како се журкаат во клуб во Струмица

Фотографиите што масовно се споделуваат денеска на социјалните мрежи од забавите на млади во Струмица, Виница и Прилеп, го потврдија и од Пазарната инспекција. Собирањата се масовни, без почитување на одредените мерки на заштита. Најилустративен е случајот со објектот „Аватар“ од Струмица, каде пазарните инспектори, вчера во 01.25 часот затекнале 500 млади луѓе на забавата.

-Инспекторите беа таму во петокот навечер, подготвен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава заради тоа што ниту еден ноќен клуб во моментот не смее да работи, информираше Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Од струмичкиот клуб „Аватар“се оправдаа со тоа дека ги почитувале мерките и ги повикаа инстутуциите да делуваат кај масовните домашни прослави, па дури и свадби.

Од Пазарниот инспекторат најавуваат подобра екипираност за следниот викенд.

-Сведоци сме на масовно собирање. Имавме вонреден инспекциски надзор во струмичкиот објект Аватар, каде имаше 500 луѓе, кои се забавуваа на диско музика. Вчера имавме акција Струмица и во Виница, на базенот, каде исто постапувавме. Во објект во Прилеп, каде додека дојдоа колегите од Битола, дискотеката веќе беше затворена. Пријавите што ги поднесуваме до судовите се кривични, но мерките сепак не се почитуваат. Најверојатно им е до славање и не се свесни дека оваа бројка од 241 по некое време ќе биде многу поголема, изјави Мери Проја Продановска од Државниот пазарен инспекторат за ТВ Телма.

ДПИ побарал во Владата да ги зголеми ингеренциите на Инспекторатот и да може на лице место да ги затвори објекти, кои го прекршуваат законот.