Направете дома супер средство кое ги брка мувите, комарците, осите и пајаците – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/20 3:37 PM

Направете дома супер средство кое ги брка мувите, комарците, осите и пајаците

Со порастот на температурата знаеме повеќе да уживаме во природата, но со топлото време во вашиот дом и градина неизбежно доаѓаат и непосакуваните гости, инсектите.

Комарците, мувите, стршлени, оси, пајаци и разни други бубачки ја опседнуваат вашата куќа, но среќа постои потполно природен начин да ги одалечите од вашиот дом.

Потребна ви е една стаклена тегла со широк отвор, а другите состојки ќе ги одберете според вашите потреби:

Против комарци
Состојки: По 5 капки есенцијално мало од лимо, еукалиптус и цитрон, пола лимон и пола лимента исецкани на кришки, 2 гранчиња рузмарин, свеќа која може да плута. Во теглата ставете ги сите овие состојки, без мешање, ставете вода скоро до врв, а на врвот ставете ја свеќата и запалете ја. Оваа тегла може да ја ставите на тераса, на прозор или во други отворени делови на куќата.

Ако ви пречат мирисите на циртус, пробајте го рецептот со лаванда и ванила:

Состојки: 15 капки есенцијално масло од лаванда, 3-4 лажички екстаркт од ванила, 3-4 лажички лимонов сок. Измешајте ги состојките во теглата или шише со прскалка и користете го секој ден – оставете ја теглата на критичните места или два до три пати дневно напрскајте го воздухот во просторијата.

Против оси и штршлени
За овој рецепт потребно е да направите дупки на капакот од теглата. Ставете мед на дното од истата и ставете малку вода или додајте лажица џем. Благото ќе ги привлече инсектите, ќе влезат низ дупките но нема да можат да се одлепат од смесата со мед. По потреба менувајте ја теглата.

Портив други останати инсекти
Ако целта ви е да се ослободите од повеќе видови на инсекти, овој рецепт е за вас!
Состојки: 30 ml маслиново масло, една капка есенцијално масло од цитрон, еукалиптус, нане, чајно дрво и чемпрес.

Во теглата измешајте ги овие состојки, додајте малку вода и измешајте – само внимавајте на мешавината да не ги држите очите блиску до неа, ниту додека ја правите смесата.