Ако сакате да привлечете среќа и многу пари, вашиот дом нека го краси токму оваа билка.
Според фенг шуи се верува дека билката може да внесе благосостојба и добра енергија во вашата куќа. Ако сакате домот да го исполните со убава енергија и да го наполните вашиот паричник, внесете „красула“ во домот.
Освен што привлекува среќа, оваа билка е многу декоративна, а покрај тоа и го прочистува воздухот, па е добро да ја имате во просторијата во која поминувате повеќе време.
Јапонското дрво, дрвото на парите, красулата се се тоа имиња за билката чие латинско име е Crassula ovata. Може да ја слушнете и под името жад билка или дрвото на жадот. Потекнува од Јужна Африка и Мозамбик. Името го добила по дебелите, месести листови кои потсетуваат на парички.
Красулата е сукулентна билка, што значи дека има дебели листови во кои се складира вода. Стеблото на оваа билка е зимзелено, и најчесто достигнува висина од 1,5 метри.
Овалните листови растат во должина на целата гранка. Ако е изложена билката на силна сончева светлина листовите може по рабовите да добијат црвенкаста нијанса.
Красулата е билка која цвета во текот на зимата па се до пролет, цветовите се бели и бледо жолти, со пријатен мирис и ѕвездест облик.
Одгледување и одржување
Негата на красулите е многу едноставна и не бара некое посебно внимание, па дури и почетници може успешно да ја одгледуваат. Многу е отпорна, поднесува суша и може да преживее дури и ако не ја полевате редовно.
Треба да ја чувате на светлина и да се погрижите да не е директно изложена на сончеви зраци.
За добор здравје на оваа билка важно е редовно да ги отстранувате исушените гранчиња и ливчиња. Листовите од дрвото бришете ги секој месец со крпа која е натопена со вода на собна температура.