Големо откритие на француските научници кои ќе помогне во борба против корона вирусот.
Новото француско истражување ги открива заедничките карактеристики на пацинетите кои се со тежок облик на корона вирусот, се наведува во текстот објавен во магазинот „Science“.
Истражувањето опфатило 50 пацинети кои биле заболени од тежок облик на Ковид 19 во Франција.
Кај сите нив е забележана голема разлика во симптомите – некои биле асимптоматски на почетокот, други пак имале благи симптоми, трети веќе после три дена не можеле самостојно да дишат и биле приклучени на респиратор.
Меѓутоа, целта на истражувачите била да ги покажат заедничките карактеристики помеѓу оние кои потоа развиле тешки симптоми. Анализирајќи ги примероците од крвта, антителата и ткивата, како и други генетски примероци на пацинетите, експертите идентификувале „потпис“ на сериозната инфекција.
Одговор на прашањето е комбинација на неадекватен интерферон и пркумерно воспаление. Тоа било случај кај сите тешко заболени пациенти.
Што тоа значи?
Критично болните пациенти имале недостаток на одговор на интерферон тип I – вид на протеин кој имуниот систем го користи за борба против инфекција. Освен тоа, постоело големо ниво на противоспалителна сигнализација од нормалната.
Овие две реакции заедно ги оставиле пациентите со „мала залиха“ за борба против инфекцијата со Ковид 19.
Истражувањето го поддржало и едно друго истражување кое покажало дека реакцијата на интерферон во областите погодени со инфекцијата може да играат голема улога во ублажување за напредување на болеста.
Конечно истражувачите се надеваат дека сите овие сознанија ќе допринесат за развој на нова терапија која ќе го подобри интерферонскиот одговор и ќе го намалат воспалението.