Шест млади луѓе успеале да побегнат од местото на несреќата и да ја известат полицијата, која реагирала дури неколку часа подоцна.
Панамските власти соопштиле дека на езерото кое е на 80 километри одалечено од главниот град пронашле тела на седум млади луѓе, кои според првичните информации се убиени, пренесува Ројтерс.
“Тела на четири девојки и три момчиња на возраст помеѓу 16 и 23 години се пронајдени во саботата вечер“, изјавил тужителот Адолфо Пинеда и додал дека некои кои успеале да побегнат од тој напад и помагаат на полицијата во истрагата.
На телата на жртвите видливи биле повреди нанесени од огнено оружје, но точната причина за нивната смрт се уште не е утврдена, како и мотивот за нападот. Од групата која заминала на пливање, шестмина успеале да го преживеат нападот.
Првите информации говорат дка младите заминале да пливаат на езерото Гатун, вештачко езеро кое е дел од Панамскиот канал.
Помеѓу загинатите се и две родени сестри, Асусена (21) и Јулиса (18) Мартинез.
Полицијата се надева дека информациите кои ги дале преживеаните млади луѓе ќе помогнат што побрзо да ги фатат виновниците.
Според сведочењето на еден од преживеаните во групата на патот кон езерото ги сретнале двајца мажи – еден од нив носел огено оружје и капа, а другиот имал многу лузни на лицето и нож.
Шесмината млади успеале да победнат од местото на настанот и да ја известат полицијата. Во тој момент поминале околу 14 часа. Според една друга верзија на панамските медиуми, полицијата разбрала дека децата се ограбени и дека еден дел од групата не успеале да побегнат, бидејќи никој од членовите на семејствоата на убиените млади луѓе не контактирал со полицијата, тие на почетокот не обрнале многу внимание на случајот, пренесува Панама Прес.
Телата на две девојки се пронајдени покрај бункер, а на останатите пет внатре.
Биле облечени во костими за капење, а онолу нив се наошале чаури од метаци. Причината за смртта на овие млади луѓе се уште не е официјално објавена.
Преземено од: https://www.telegraf.rs/