Европската унија преговара за договори за набавка на вакцини за новиот корона вирус САРС- Ков-2 со произведувачите Модерна, Санофиј, Џонсон енд Џонсон како и биотехнолшката компанија BioNTech и CureVac.
Напорите за постигнување договор со производителите на вакцините продолжуваат по претходниот договор постигнат од четири земји членки на ЕУ со компанијата AstraZeneca за набавка на 400 милиони дози на вакцината, што ја развива со универзитетот Оксфорд, која би била достапна на сите 27 земји членки на ЕУ.
Со американскиот Џонсон анд Џонсон се преговара да бидат откупени 200 милиони дози, а не е исклучено таа количина да се зголеми. Исто така познато е дека француски „Санофи“, кој ја развива вакцината во соработка со британскиот GlaxoSmithKline, преговара за купување на 300 милиони дози што би пристигнале во втората поливина на следната година.
„Санофи“ потврди дека преговорите за купување на таа количина на вакцина со ЕУ е во напредна фаза. „Модерна“, чиј тест досега помина најдалеку, исто така потврди дека е во преговори со европските земји за продажба на вакцината и дека сè уште не е постигнат договор. Исто така, во прашање се две германски компании за биотехнологија, BioNtech и CureVac на контроверзниот германски бизнисмен Дитмар Хоп, основач на SAP и сопственик на фудбалскиот клуб Хофенхајм.
Но, ниту една од овие компании не сакаше да ги коментира преговорите со ЕУ. Набавката на вакцината ја води комисија назначена од Европската комисија. Штом се постигнат договорите, земјите од ЕУ можат да започнат да нарачуваат вакцини за своите граѓани, пренесува „Вечерњи лист“.
Преземено од: http://hr.n1info.com/