Маските се задолжителни за сите граѓани кога се на јавно место. Сепак, иако маските се одлична превенција против инфекција со коронавирус, има голем број на луѓе кои се жалат дека им е тешко да ги носат и дека наводно не можат да дишат. Психологот Мирјана Назор за хрватскиот портал „Вечерњи“ изјави дека станува збор за субјективен впечаток на луѓе што носат маски.
– За некои луѓе, да се има нешто преку лицето и устата, навистина предизвикува непријатност, нервоза, па дури и чувство на задушување. Но, тоа чувство на непријатност е само во главата. Многумина сега се прашуваат зошто треба да ги носат и дали им треба. Ако бевме свесни колку е важно да се заштитиме себеси и своите најблиски, тогаш ќе ни беше полесно да ги носиме тие маски – вели Мирјана Назор.
Како што советува психологот, секој може да си рече себеси: „Во ред, не ми е непријатно, ми недостасува воздух, ме нервира, ме мачи, но јас ќе се справам со тоа затоа што таа друга неволја е многу поголема и погрда“.
Мирјана Назор вели дека е неопходна автосугестија затоа што ако некој се разболи, како што објаснува психологот, тешко би било да си го простиме тоа.
– Ако им објасниме на децата зошто е важно, тие ќе разберат. И за да им биде полесно и поприфатливо да носат маски, можеме да организираме правење платнени маски дома со децата и да им дозволиме да ги украсат по желба. Само за да ги направиме горди и среќни што ја направиле маската – додава Мирјана Назор.
На крајот, психологот посочува дека самата чувствува дека маската и пречи, но дека секогаш се убедува себеси со зборовите – идржи уште малку, заврши го тоа што го имаш во канцеларија и тогаш си мирна, бидејки не е тоа толку страшно.
Експертите во неколку наврати докажаа дека заштитните маски не водат до задушување или намалено снабдување со кислород во организмот.
Извор: republika.rs