Шпанската екипа Валенсија го официјализираше трансферот на српскиот интернационалец и играч на Фенербахче, Никола Калиниќ. Дваеет и осумгодишниот кошаркар ќе се пресели во редовите на Шпанците, откако помина пет цели сезони во турскиот шампион Фенербахче.
Валенсија покажува сериозни амбиции во пресрет на 2020/21, Сан Еметерио го продолжи договорот со „лилјаците“, заедно со Мајк Тоби, Сем Ван Росом и Луис Лаберие, во ростерот се додадени и Мартин Хермансон, Дерик Вилијамс и Клемен Препелиќ.
Калиниќ мината сезоната во просеч по меч постигнуваше 6.6 поени, 1.7 асистенции и 2.5 скокови во Евролигата.