Мијалков бара да не му се суди поради аболицијата од Иванов – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/18 1:37 PM

Мијалков бара да не му се суди поради аболицијата од Иванов

Поради аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре постапката против него во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

На денешното рочиште за овој предмет, судот одлучи да ја раздвои постапката за екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а исто така во одвоена постапка ќе им се суди и на бегалците, екс функционери во Тајната полиција, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Преземено од: ПлусИнфо