Педесет и тригодишниот Љ.П. од Даниловград е уапсен под сомнение дека силувал куче пред неколку ноќи. Според информациите од „Вијести“, инспекторите на Одделот за безбедност во Даниловград во четвртокот пријавиле дека кучето било силувано ноќта меѓу вторникот и средата, во близина на бар во центарот на градот.
„Вијести“ дознава дека таа ноќ, околу два часа по полноќ, станарите од соседната зграда биле разбудени од застрашувачка лаење и звуци. Соговорникот на весникот рече дека кога излегле на нивните тераси, биле дочекани од ужасна глетка – виделе машко лице како се изживува со куче кое цвилело. Иако полицијата била известена два дена подоцна, по само неколку часа, тие успеале да го пронајдат осомничениот. По истрагата, по снимките од надзорните камери и прибирањето на други докази, 53-годишникот е со лисици на рацете по наредба на основниот државен обвинител. Тој денеска ќе биде сослушан поради сомнежот дека сторил кривично дело убиство и тортура на животни и уништување на нивното живеалиште.
Невладините организации „Спаси ме“ со седиште во Даниловград и „Куќа на животните“ со седиште во Спуж, го осудуваат последниот пример за злоупотреба на кучиња во Даниловград.
Ја поздравуваме брзата и ефикасна реакција на полициските службеници на Одделот за безбедност (ОБ) Даниловград.
“Старешините и полициските службеници на ОБ Даниловград континуирано покажуваат висок професионализам и одговорност да без разлика и еднакво за сите го применаат законот. Бројни студии укажуваат на поврзаноста помеѓу злосторството врз животните и насилството врз луѓето. Ги повикуваме надлежните во Основно државно обвинителство во Подгорица да обезбедат брз и опшествено успешна кривична правна реакција на злоупотреба на животни и тортура. Особено апелираме да не се иницира или прифати споразумно прифакање на вината.Регуларните постапки се во јавен интерес и можат да придонесат за подобра практика и поодговорно однесување кон животните. Злоупотребеното куче го превзема невладината организација „Спаси ме“ и ќе обезбеди соодветна грижа, за да се надминат траумите што ги претрпе што е можно поскоро “, се наведува во најавата на НВО„ Спаси ме “и„ Дом на животни “.
Извор и фото; vijesti.me


