Екс-хрватската претседателка официјално стана дел од Меѓународниот олимписки комитет – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/20 7:37 AM

Екс-хрватската претседателка официјално стана дел од Меѓународниот олимписки комитет

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, на вчерашниот состанок на Собранието на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) беше избрана за член на организацијата што го предводи Олимпиското движење.

.„Јас сум исклучително почестена што сум член на Меѓународниот олимписки комитет. Ова не е само мој приватен успех, туку признавање на сите успеси на хрватскиот спорт и на одличните резултати на хрватските спортисти, кои ја претставуваат нашата земја во светот како нација на големи таленти и вредни луѓе, кои доследно ги промовираат принципите и вредностите на Олимпиското движење“, изјави Грабар-Китаровиќ.

За неа вчера гласале 86, а биле против тројца.