Камион што транспортирал пиво кај Нашице во Хрватска, од засега неутврдени причини, имал мала несреќа, при што од приколката на патот излетале стотици гајби од „драгоцениот товар“, а многу шишиња се скршиле.
Минувачите го снимиле овој несекојдневен призор што љубителите на пивото веројатно не би сакале да го гледаатособено на летни горештини. Сепак, најтешко му е на возачот, бидејќи најверојатно штетата ќе ја надоместува од својот џеб.


