За вратено парче оружје, Нигерија дава по две крави – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/20 7:09 AM

За вратено парче оружје, Нигерија дава по две крави

Властите во нигериската сојузна држава Замфара, на северозападот од земјата, вчера вети дека ќе му даде по две крави на секој што ќе врати парче оружје. Целта на оваа понуда е завршување на вооружените напади од криминалните групи во тој дел од земјата. Во Нигерија со години делуваат вооружени групи кои напаѓаат и киднапираат, но и крадат стока.

Од 2011 година речиси 8.000 луѓе се убиени, а околу 200.000 ги напуштија своите домови заради тие вооружени напади само на северозападот на Нигерија.