Свлечиште во Кина: Шестмина загинати – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/20 6:59 AM

Свлечиште во Кина: Шестмина загинати

Во југозападниот дел на Кина во свлечиште животот го загубија шест луѓе, јавува Анадолија.

Според кинеската новинска агенција Хсинхуа, поројни врнежи од дожд во југозападниот на земјата, во подрачјето Кајкоу, сместено во местото Чунгкинг, предизвикаа поплави во одредени градови.

Поплавите предизвикаа свлешиште во кое животот го загубија шест луѓе.

Во летните месеци во јужните делови од земјата ефективни се дождови и поплави кои предизвикуваат свлечишта.