Ковид-19: Нов неславен рекорд во светот – за еден ден 237.473 новозаразени – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/20 6:53 AM

Ковид-19: Нов неславен рекорд во светот – за еден ден 237.473 новозаразени

Светсkата здравствена организација (СЗО) вчера регистрираше рекорден пораст на новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа – 237.473. Најголем пораст е пријавен во САД, Бразил, Индија и во Јужноафрканската Република. Претходниот рекорд беше регистриран на 12 јули со 230.370 случаи.

Во јули просечно дневно починуваат по нешто помалку од 5.000 луѓе. Од почетокот на епидемијата, заразени се 14,1 милиони луѓе, 8,3 милиони се излечени, а почнале 595.557 луѓе.