Истражувачот Паквале Бако, заедно со инфектологот Џулио Таро и судијата Анџело Џорџиани, ќе поднесат тужба против Владата во Европскиот суд за мерките преземени за време на пандемијата, известува dokumentarac.com, врз основа на написите во италијанскиот медиум ilgiornale.it. Медицинскиот иследник Паквале Бако ќе се жали до државниот обвинител во Рим и ќе поднесе апел до Европскиот суд против мерките преземени од владата на Џузепе Конте за време на пандемијата во Италија. Тројцата експерти ќе го сторат тоа преку нивното Здружение “L’Eretico”, во кој веќе се вклучени околу 2.000 лекари и правници.
Како што е објаснето во соопштението за јавност, извештајот истакнува голем број на аспекти на лошото управување со кризата за време на пандемијата од Ковид-19 во Италија, особено од медицинско-научно, епидемиолошко и правно гледиште.
„Погрешни дијагностички пристапи, несоодветни третмани, заразни притвори и мерки за безбедност, што и денес се уште се на сила: за експертите на Eretico, повредени се правата на граѓаните заштитени со италијанскиот Устав и меѓународното право“, напишаа Tarro, Bacchus и Giorganni во напкмената.
„Убивавме луѓе, дури и ако тоа беше во добра вера, затоа што бевме соочени со нова ситуација, но во ICU е применет погрешен третман. Речено беше да не се користат противвоспалителни лекови кои сега се основа на новата терапија. Не е користен хепарин и беше извршена длабока вентилација со респираторите. Ги видов базите на белите дробови на пациентите од Ковид за време на обдукцијата и тие беа целосно изгорени, затоа што чистиот кислород испратен под одреден притисок создал вистински изгореници. Предизвикана е тромбоемболија, бидејки кислородот не циркулирал и бидејки белите дробови биле запушени. Лекарите ги следеа владините упатства користејќи целосно погрешен протокол за лекување (Светската здравствена организација). Тоа беше како лекување на дијабетичари со шеќер. “, рече Паскале Бако за IlGiornale.it.
Тоа не е сè. Во обвинението, во приговорот, стои и проблемот во однос на употребата на заштитни маски, „за кои Министерството за здравство само предвидува можни несакани ефекти врз здравјето (нуспојави), како и употребата на вакцината.
Правниот одбор на Здружението “L’Eretico”, веќе подготви образец што граѓаните можат да го користат, или да побараат од нивниот работодавец (или директорот на училиштето, во случај на училишта) да превземе граѓанска и кривична одговорност за било кои штетни последици по здравјето, кои произлегуваат од употребата на производите.
Сличен образец подготвен е за превземање одговорност на лекарот или педијатарот, за слободен избор на пациентот за кого се администрира задолжителната вакцина. Пациентот, пред да се согласи, според закон, треба да биде информиран, а тоа значи дека лекарот мора да ги наведе сите можни штетни последици по здравјето, односно несаканите реакции кои можат да произлезат од лечењето, за да пациентот може да се одлучи дали ќе го прифати лечењето или не и неговите можни штети“, пишуваат соработниците. Обрасците се објавени на веб-страницата на здружението и „може да се преземат бесплатно“, според Бахус.
„Најлошото нешто – заклучија тие, е дека никој не се извини за смртните случаи, предизвикани од протоколите за погрешен третман на Ковид-19, ниту се презеде одговорност. Сега се зема в предвид тоа дека се применети погрешни терапии, но никој сè уште не кажал „Ние не бевме во право“.
Извор: .espreso.rs


