Научете ги децата да бидат среќни – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 10:12 PM

Научете ги децата да бидат среќни

Не мора да бидете експерт за детска психологија, за да имате влијание врз развојот на вашето дете, со цел тоа да успее во животот потпирајќи се само на себе. Работите што ги прават децата среќни, би можеле и да ве изненадат. Светски познати експерти кои го проучуваат развојот на децата забележале дека среќата кај нив не е нешто што можете да го спакувате во убава амбалажа и да им го дадете. Всушност, ако премногу ги разгалувате децата, им купувате премногу играчки или им попуштате за да не плачат, тие ќе пораснат во личности на кои им е здодевно, без да може да најдат среќа во она што ги опкружува.

Експертите исто така напоменуваат дека многу поважно е да им помгнете да ги користат оние „алати“ што ги имаат кај себе, за да научат подобро да се снаоѓаат во животот и да ја бараат среќата во малите нешта.

Со мнoгу трпение и флексибилност, секој родител може да постави добри темели на кои ќе ја гради иднината на детето.

Научете да читате знаци

Како што детето расте така станува поактивно. Со текот на времето тоа ќе почне да ви покажува со што е задоволно, а што е тоа што го вознемирува. Во првиот случај ќе забележите насмевка на негвото лице, а во вториот плачење. Емоциите кај децата се многу непредвидливи. Ако ви се чини дека детето е многу повеќе тажно отколку среќно, тоа е така затоа што децата вообичаено прво ја искусуваат тагата отколку среќата. Плачењето и правењето тажни гримаси на лицето е нешто што е случува со причина. Тие служат како повик за помош кон родителот ако нешто не е во ред, па така мајката или таткото би морале тоа да го поправат во што е можно пократок рок. Но што доколку детето плаче константно и не знаете дали е гладно, дали му е здодевно или нешто го боли?

Родителите би требало целосно да можат да ги разликуваат изразите на лицето да детето, но и да прават разлика кај млачот. Положбата на телото, веѓите, устата…сето тоа се начини на кои бебето се обидува да комуницира со околината. Дел од експертите напоменуваат дека доколку родителите не препознаваат што значи плачот и изразот на лицето, би требало малку повеќе да обрнат внимание на нив. Сепак, има и такви експерти кои сметаат дека не е добро родителите премногу да ги читаат знаците што им ги дава детето, бидејќи неговиот мозок не функционира смислено се’  до шестиот месец по раѓањето.

Вашето дете со сигурност има некои свои единствени начини на кои ви покажува кога нешто не му одговара. Некои деца плачат, а други се многу понаметливи. Кога ќе ја запознаете темпераментноста на своето дете читањето на знаците ќе ви биде многу полесно и така полесно ќе го разберете она што ви го сигнализира вашето најмило.

Уредете соба за забава

Иако шарените играчки може да измамат насмевка на детското лице, она што детето го прави најмногу среќно сте всушност, самите вие.

Првиот чекор кон тоа детето да биде среќно, е да се поврзете со него, а тоа најдобро ќе го направите преку игра. Ако вие добро се забавувате со детето, секако дека и  тоа самото ќе се забавува. Експертите сметаат дека ова е најдобриот начин да создадете среќа во детството на вашето најмило. Играта не само што создава среќа, туку преку неа децата ги развиваат своите први вештини кои се неопходни за среќа во иднината. Како што расте детето, така преку играњето ќе открива што всушност сака да прави. Играта не значи само организација на спортски активности или слични вештини за поттикнување на креативноста, играта претставува и процес во кој детето самото создава или измислува нешто ново.

Помогнете им на децата да ги развијат своите таленти

Експертите сметаат дека среќни се оние луѓе што владеат со некакви вештини. Во секој случај децата секогаш учат од своите грешки, па со самото тоа тие се учат на дисциплина и упорност. Откако ќе постигнат одредена самостојност манифестирана преку првите чекори или држењето на шишенцето, децата се среќни.

Ним исто така им е важно да бидат наградени од своето семејство кога ќе успеат во нешто ново. Тука не се мисли на нешто материјално. Едноставно, родителите треба да му укажат дека се горди на него. Што е уште поважно, на овој начин детето ќе открие дека има некаков облик на контрола над својот живот, а со тоа ќе сфати дека со упорност е постигнува се’. Познавачите на темата напоменуваат дека децата како и возрасните, може да бидат среќни со своите достигнувања, само ако се заинтересирани со нив. За жал голем дел од родителите ги принудуваат децата да прават некои активности што ним не им се допаѓаат, како спортување, свирење инструмент, танцување и слично. Според експертите, родителите не треба да се обидуваат своите сонови да ги остварат преку децата бидејќи така ќе се создаде јаз во нивниот меѓусебен однос.

 

Извор: zenskikutak.hr