Словенечките власти најавија дека од понеделник на сите гранични премини со Хрватска ќе издаваат решенија за задолжителен карантин за патници од „црвените зони“, тоа денеска го потврди и словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс.
Безразилка дали станува збор за словенци кои патувале надвор во земјите од „црвената зона“ или пак странци кои доаѓаат од таму, поради лошата епидемиолошка слика на овие земји, патниците ќе мора да одат во задолжителен карантин
На листата се наоѓа Македонија, Србија, БиХ, Косово и Црна Гора.
Словенија во изминатите три дена регистрира по 19 новозаразени со коронавирус на дневно ниво.


