Прва онлајн Миланска модна недела – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 3:55 PM

Прва онлајн Миланска модна недела

За прв пат во историјата во Милано се одржува дигитална модна недела. Fashion week  е посветена на машката мода како и пред- колекцијата за жени, пролет- лето 2021, причината е очигледна- коронавирусот.

Секако дека ова не е модната недела на која сме навикнати, ниту пак ја има истата магија, но сите се надеваат дека настанот којшто почна во средата, ќе биде нешто на што ќе се сеќаваме во идните години.

Под мотото „Milano Digital Fashion Week July Issue” , започна онлајн модната недела која ќе трае до 17- ти јули. Цели четири денови е достапна 24 часа на ден, разновидна и богата со настани, но сепак, како што многу велат „ не е тоа  тоа“.

Националната комора на италјанската мода одлучи да не ја откаже машката модна недела поради Ковид-19, туку да ја пресели на интернет.

Ова е прв пат во историјата цели колекции да се претставуваат на интернет : состаноци, настани, перформанси, културни настани.

Програмата предвидува филмови, извештаи од зад сцената и уште други разни содржини помеѓу реалноста и дигитализацијата.  Овој настан на конференција за печат беше претставен од претседателот на Националната комора за италјанска мода Карло Капас, градоначалникот на Милано Џузепе Сале и претседателот на ICE  Марија Феро, партнер на оваа иницијатива.

„Милано е мода, модата е Милано. После се што ни се случи ние мора да најдеме нова нормалност“ , рече градоначалникот Сала.

Секоја модна куќе ќе ја претстави својата колекција на платформата која е посветена на ревиите онлајн : milanofashionweek.cameramoda.it

Ревиите може да се следат и на социјалните медиуми преку профилите на Комората и преку разните модни куќи на Instagram, Twitter, LinkedIn, YouTube.

Во самиот град Милано се поставени монитори на разни локации.

На оваа дигитална модна недела го нема Армани кој најави дека нема да учествува, туку дека колекцијата за жени пролет/лето 2021 ќе ја претстави во септември 2020.

 

Фото :/wwd.com