Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)соопшти дека постапката со предметот во врска со сомневања за прекршување на член 8-а став (1) алинеја 3 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за спроведената постапка за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје, е запрена поради ограничените рокови утврдени во членот 33, по кој истата беше поведена.
– Постапувањето во врска со наведените сомневања ќе продолжи како редовна постапка, се појаснува во соопштението од ДКСК.
Инаку, одлуката на ДКСК беше донесена на јавната седница одржана денеска, а со неа се запре постапувањето по предмет оформен по сопствена иницијатива, а во врска со сомневања за прекршување на член 8-а став (1) алинеја 3 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за спроведената постапка за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје.