Откако на интернет стана вирална фотографијата на која се гледа бариста во Старбакс кој не сакал да послужи жена бидејќи е без маска, луѓе за него преку страницата „Go fund mе“ собраа повеќе од 100.000 долари.
Амбер Гилис стана популарна откако претходниот месец самата ја објави форографијата од младиот бариста и напиша дека одбил да ја послужи бидејќи не носела маска, по што како што напиша таа му одговорила дека нејзе не и треба маска. Сликата набрзо се прошири по социјалните мрежи, но сите застанаа на страната на младото момче за кое се собраа повеќе од 105.000 долари.
Меѓутоа Гилис сега одлучила да го тужи момчето и сака да добие половина од сумата која е собрана за него.
Како што кажа за „Фокс Њуз“ таа ќе преземе правни мерки за да добие пола од сумата бидејќи здравствената состојба не и дозволувала да носи маска поради тоа што има астма и акни, а на новинарите им покажа рачно напишана „дијагноза“ од киропрактичар во која пишува дека таа има проблем со дишењето и практично не може да носи маска или било каква прекривка на лицето.
https://www.youtube.com/watch?v=ESjU5MmyLXA