Голема љубов во приказната за „Налеј, налеј“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 3:12 PM

Голема љубов во приказната за „Налеј, налеј“

„Налеј, налеј- Македонија е љубовна приказна“  , насловот кој беше причина за бројни коментари изминативе денови.

На YouTube платформата беше промовирано музичкиот спот работен наменски за ТВ серијата „Македонија“  под авторство и режисерска палка на Винко Грубишиќ по сценариото за ТВ серијата.

Во спотот доминираат снимки од првата епизода каде Павел Шатев е преставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим.  Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата годпоѓица Мадлен.Таа го одбира Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати. Заедно со нив ја пее “налеј налеј”.

Која е приказната од кое е инспирирано  ова дело

Младите Македонци, солунските атентатори, гемиџиите, само неколку месеци пред настаните во Солун, престојувале  во Париз, во една мала „меана“ , со симпатично име „Утро“ на сопственичката и ја пееле „Налеј, налеј меанџико“ по нејзино барање

– Ќе ви наточам вино, ама ако ја запеете онаа ваша песна, што е и моја и ако ми ја посветите мене“ – бара  мадам Мадлен во замена за вино.Гемиџиите пак не чекаат „втора заповед“ и во еден глас  екнува текстот на песната: „Налеј, налеј (меанџико) Мадлен налеј“

. Меанџиката, подоцна запрепастена   од подвизите на велешките гемиџии и нивната смрт, не се омажила никогаш, а сеќавајќи се на пријателите тажно потпевувала „Налеј, налеј од црното вино “ . Мадлен починала во 1939 година, носејќи го споменот за нив.

Приказната за мадам Мадлен и Солунските атентатори, случајно е  раскажана од една млада Мароканка, Жан Бернанже која никогаш не била во Македонија, но својот магистерски труд на тема „Мароканските војници во првата светска војна во Македонија“. го подготвувала во еден мал пансион во Париз-  „ Л`матен  или „утро“ преведено од француски. На Бернанже приказната и  ја раскажал стариот меанџија, внук на неговата тетка мадам Мадлен и истата се најде во книгата на пензионираниот новинар Никифор Смилевски.