Свадба и погреб на ист ден и во исто време: Младоженецот сакал и неговиот починат татко да биде „присутен“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 1:58 PM

Свадба и погреб на ист ден и во исто време: Младоженецот сакал и неговиот починат татко да биде „присутен“

Пар од Индонезија се венчале пред починатиот татко на младоженецот, на ист ден кога бил и неговиот погреб.

И покрај трагедијата, младоженците сакале починатиот татко да биде дел од нивната церемонијална венчавка, како што тој од секогаш посакувал.

Одлучиле да се венчаат на 11 јули, на денот кога бил закажан и погребот, пренесува Ladbible.

Според локалните медиуми, Ромадони Путра Пратама и неговата свршеница ја одложиле венчавката поради пандемијата со корона вирусот.

Меѓутоа откако неговот татко починал од срцев удар, одлучиле да се венчаат на денот на неговиот погреб.

„Иако татко ми почина, верувам дека неговиот дух беше присутен во собата за да ја благослови церемонијата“, изјавил младоженецот.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/