Мебелот распарчен, алуминиумот од прозорците се продава за ситна пара, а крадците вршат нужда внатре- Нова кражба во домот на кралицата Есма – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 12:21 PM

Мебелот распарчен, алуминиумот од прозорците се продава за ситна пара, а крадците вршат нужда внатре- Нова кражба во домот на кралицата Есма

Да беше жива кралицата на ромската песна Есма Реџепова- Теодосиевска за дваесетина дена (на 8 август) ќе наполеше 77 години. Како во народот се вели: „Да стане, да види што се случува со нејзиниот дом на хуманоста повторно ќе посака да умре“. Топлината што таа ја даваше на домот сега, откако по петти пат е испокраден, личи на дом од хорор филмовите.  Во овие четири години, откако таа не е мегу нас, неодамна повторно крадци провалиле во домот на кралицата, да ја докусурат оставштината, која и онака е разнесена.

-Куќата е заглавена во правни лавиринти. Таа по жеба на Есма и Стево Теодосиевски,  по валиден тестамент е оставштина на Македонија. Цел живот зборувале дека по нивната смрт ќе биде дом на хуманост и на музиката. Тие ја подарија на државата со желба да биде музеј  на хуманост и музика. Но, заглавена е во законската регулатива, со оглед на тоа што е подаден приговор, односно оспорување на тој тестамент, кој го прават внуците од нејзините покојни браќа.  Од тие причини таму се се распаѓа, вели Зорана Костовска, претседателка на хуманитарното Здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“, за mms.mk.

Таа во редакцијата на  mms.mk  испрати фотографии од последната кражба во музејот, каде се гледа во каква руина е претворен овој дом.

-Куќата пропаѓа, забот на времето го прави своето, кое, пак, е надополнето со неколку кражби. На последната, петта по ред,  се одело до таму да, па крадците откорнале делови од прозорците и алуминиумот се продава за ситна пара. Прозорците се испокршени. Мебелот е распарчан, веројатно крадците барале пари. Уметничките слики од Есма се искршени, дел од купатилото е запалено. Страшен неред и смрдеа излегува од куќата. Крадците вршеле нужда внатре.

На долниот кат веќе поткопани се темелите од што тече водата, влагата си го направила своето, бидејки и чешмите и казанчето и тоалетната шоља се откорнати. Се што можело да се продаде како железо или продаде по пазарите е земено. Фотографиите од богатата кариера и на Стево и на Есма се расфрлани по подот, а извадени се дури и штекерите од струјата. Едноставно имотот на Македонија пропаѓа, додава Костовска.

Како што вели таа на втори април требало да имаат судска расправа, но се одложило заради пандемијата со корона.

„Што ќе се случува поматаму никој не знае, а факт е дека имотот е оставен на грижа на Македониј

а, не на хуманитарното здружение или на некој друг. Сакам да напоменам дека  ја немаше и урната на Стево, но по еден мој настап на телевизија, беше вратена. Нејзините фустани, со кои правеше хуманитарни модни ревии и се помагаше на луѓето ги нема. Бидејки ги знам фустаните, јас ги организирав ревиите, на полицијата кажав дека ги гледам на слики по Фејсбук како се дотеруваат во нив. Тажно е ова, претажно, ама.., вели Костовска.

Весна Миленковска