Според гените, Србите биле убедливо најблиски со Македонците – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 10:41 AM

Според гените, Србите биле убедливо најблиски со Македонците

Неодамна на Фејсбук осамна пост на Исток Павловиќ, интернет-претприемач, во кој детаљно се разоткрива зошто некои Срби имаат потемен тен и кои народи имаат најслични гени со српскиот. Иако одамна е вкоренета предрасудата дека Србите се „црни“ поради петвековното „мешање“ со Турците, во неговиот пост генетската мапа на Европа, работена според распределба на хаплогрупи, детаљно се прикажува дека таа претпоставка е погрешна, бидејќи српските и турските гени се многу ралични, пишуваат српски медиуми, а пренесува „Кутак нет“.

Се наведува дека најмногу исти гени имале Македонците и Србите (96 отсто). По Македонците, Србите, според Павловиќ, генетски биле најблиски со Грците (66 отсто), Унгарците (65), Украинците (62), Романците (61), Литванците (57), Бугарите (53), Полјаците (52)…