Русија ќе го развива својот краен северен дел, многу богат со ресурси и на Русите ќе им дава бесплатно земјиште на Арктикот за да изградат свои домови и да започнат бизниси, според предлог-законот што го подготвува руската Влада.
Претседателот Владимир Путин го утврди како приоритетен рускиот дел на Арктикот и ќе ја обновува тамошната инфраструктура, ќе го зајакнува военото присуство и ќе се обиде северниот морски пат да го направи важна поморска рута.
Сега на тоа големо пространство околу 90 отсто живеат во големите градови, како Мурманск, Норилск, Архангелск.