Два нови случаи на корона вирус во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 8:29 AM

Два нови случаи на корона вирус во Кавадарци

Продолжува да расте бројот на инфицирани со Ковид 19 во Кавадарци. Денеска се дијагностицирани уште два нови случаи, потврдија од центарот за јавно здравје Кавадарци.

„Станува збор за лица на 26 и 34 години. Беа претходно во изолација поради контакти со заболени. Имаат лесна клиничка слика и се на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Од почетокот на епидемијата во Кавадарци се евидентирани 27 позитивни, Излекувани се 13 лица, активни се 13 случаи, а починато е едно лице, државјанин на Албанија кој претстојуваше во Кавадарци,

Во Неготино еевидентирани се 11 позитивни случаи. Оздравени се 10 лица, едно е починато.

Во Росоман евидентиран е еден случај, кој веќе е излекуван.  Во Демир Капија позитивни беа 10 лица и сите се излекувани.

Ангел Данов