Подобар сон за подобар живот – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/20 9:52 PM

Подобар сон за подобар живот

Со доаѓањето на ноќта и оставањето на денот зад нас, подготвувајќи се за утрешните предизвици, сонот во оваа модерна доба се’ почесто одбива да биде наш сојузник. Како да го вратите природниот ритам кој  е добар за целокупната здравствена состојба?

Епидемија на неспиење

Некои проценки говорат дека половина од луѓето ширум светот спијат лошо. Светското друштво за спиење (World Sleep Society – WSS) предупредува дека проблемите со спиењето носат бројни неповолни последици, бидејќи ненаспаните луѓе носат нерационални одлуки, што ги прави и помалку продуктивни на работното место.

Несоницата како предупредување

Во овој современ начин на живoт, да се остане буден до доцна во ноќта е нешто вообичаено бидејќи така се надоместува недостигот на време. Токму тоа време луѓето го користат за опуштање бидејќи не стигнале да го сторат тоа во текот на денот, но таквото опуштање честопати се сведува на немо „зјапање“ во екранот. Кога ќе се јави несоницата, многумина се обидуваат да дојдат до решение со разноразни лекови наместо тоа да го сфатат како знак. Всушност, тоа претставува сигнал на организмот дека нешто не функционира. Несоницата е сериозно предупредување дека треба да се чувате.

Ноќниот одмор е незаменлив

На пазарот има многу производи за нега на телото и ароматизирање на воздухот во просториите, што се препорачливи за полесно заспивање. Сепак ако сакате полесно да потонете во сон занемарете ја комерцијализацијата и одлучете се  за нешто алтернативно. На пример, може да се напиете чај од билки.

„Ресетирајте“ го организмот

Кога се работи за спиењето, би требало да ги отвориме очите и да се загледаме длабоко во себе. Во просек, третина од животот го поминуваме обидувајќи се да заспиеме, а сепак тоа не го вреднуваме како хранењето или движењето. Тие се од витална важност, но спиењето е всушност движечката сила која заедно со хранењето и движењето создава „здравствено тројство“. Значи, физичката и менталната штета која може да биде предизвикана од ноќта во која не сме спиеле добро или не сме се наспале доволно, ја надминува штетата што ја прави хранењето со нездрави намирници или недоволната физичка активност.

Заштита од болести

Редовниот и длабок сон од минимум осум часа, нуди безброј придобивки. Со него се унапредуваат мноштвото функции во мозокот, се подобрува способноста за учење, се зголемува концентрацијата и се носат порационални одлуки. Се обновува имунолошкиот систем што е одлично за целокупната здравствена состојба. Причините за лошиот сон може да се лоцираат во лошите навики (нездрава храна, стрес, прекумерно користење на компјутер и мобилен телефон, како и легнување доцна во ноќта). Причина за несоница, а тсо оа и за главоболка може да биде неудобниот кревет или несоодветната температура во спалната соба.

Како да дојдете до решение:

Одберете постелнина од природни материјали кои „дишат“

Спијте во мирна и мрачна просторија без електронски уреди

Легнувајте и станувајте отприлика во исто време секој ден, така ќе спиете подобро и ќе имате повеќе енергија

Спиењето во попладневните часови не треба да трае повеќе од триесетина минути, но би требало и да го избегнувате по 17 часот

Пред да заспиете избегнувајте разговори поврзани со теми кои ве вознемируваат

Во вечерните часови не се препорачува интензивна телесна активност. Наместо тоа, одлучете се за прошетка која ќе ве релаксира

 

Фото: Shutterstock

Текст: sensa.hr