Пет чекори до промени во животот – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 9:16 PM

Пет чекори до промени во животот

Авторот на книгите „Плацебото сте вие“ и „Создадете го новото јас“ ги сумира своите знаења во пет мудри совети кои треба да ги практикувате секојдневно доколку сакате да внесете промена во вашиот живот.

Одделете се од светот

Секој ден барем на неколку минути, изгасете ги телевизорот, компјутерот и мобилниот телефон. Седнете, затворете ги очите и само бидете присутни.

Дишете и сосредоточете се на моментот

Кога сте соредоточени на она што се случува во моментот – тогаш имате најмногу енергија и сте најкреативни. Нормално е понекогаш да лутате со мислите  размислувајќи за вашата иднина, но доколку го забележите тоа променете го и вратете се кон сегашноста.

Создадете ново „јас“

Може ли да ве дефинира вашата визија за иднината, наместо сеќавањата од минатото? Размислете што сакате во животот, одвојте повеќе време за себе и одговорете на тоа прашање.  Што повеќе размислувате на оваа тема, толку поголеми се шансите да направите промена. Забележете какви емоции ви буди размислувањето за иднината.

Ментални вежби за создавање на вашата нова верзија

Кој ќе бидете кога ќе ги отворите очите наутро, што ќе правите, какви одлуки ќе мора да донесете, какви чекори ќе преземете. Сето тоа, повторно и повторно, практикувајте го во својот ум.

„Отпуштете“ ја вашата стара верзија

Не можете да зачекорите кон иднината доколку не се одвоите од минатото. Одлучете и запишете какви мисли ќе понесете со себе во вашата иднина. Запишете кои се оние навики што сакате да ги променте. Конечно, одлучете кои емоции не треба да му припаѓаат на вашето ново секојдневие.

Правејќи ги овие чекори, вие ќе му овозможите на вашиот ум нова кондиција и така ќе почнете со креирање на вашата нова лична стварност. Со промената на лошите навики, го менувате животот на подобро.

 

Извор: sensa.hr