Делчевските штркови се побројни во потрага по нови живеалишта – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 7:20 PM

Делчевските штркови се побројни во потрага по нови живеалишта

Делчевските штркови кои поради близината на Брегалница, се се побројни во водите на реката, ја започнаа потрагата по нови живеалишта. Едно од нив е и споменикот на паднатите броци каде во минатото немаше гнездо, но во последните денови се видливи гранките од нивниот нов дом над врвот од споменикот. За граѓаните, штрковите носат среќа и е убаво што го прошируваат своето живеалиште.
– Штрковите обично во Делчево живеат во едно од најголемите гнезда во источниот регион, а тоа е над градската пошта. Деновиве и јас забележав дека над споменикот на паднатите борци тие градат ново гнездо. Штркот е симбол за среќа и затоа моја лична желба е гнездото со годините да биде што поголемо, вели жител на Делчево.

Денес овој птичји вид беше забележан и во водите на река Брегалница каде во речното корито, семејство штркови бараа храна и се разладуваа од летните горештини. За посетителите во блиските кафе-барови покрај реката, беше вистинска милина да се гледа нивната игра во водата.

– Често сме овде заради дечињата кои сакаат да ги гледаат додека се хранат. Во реката имаат храна во изобилство, така што сигурно им годи и да се разладуваат, велат посетителите на блиските барови покрај Кејот.

Нивото на реката кое поради сушата е доста ниско, деновиве на штрковите им ја олеснува потрагата по храна на штрковите, потрага која како што додадоа граѓаните, ќе биде се почеста на Кејот на Брегалница во Делчево.

МИА