Поповски: Јавноста ги откри лажните фотографии од насилните протести – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/18 9:39 AM

Поповски: Јавноста ги откри лажните фотографии од насилните протести

На форумот “Справување со дезинформации”, што се одржува во Велес, министерот Роберт Поповски се осврна на последните настани со насилните протести пред Собранието на Р. Македонија.
Поповски кажа дека Владата вчера го насилството, но ја потенцира силната пропаганда што ги следат овие настани. -Во обид да прикажат полициска бруталност, беа искористени социјалните мрежи каде беа објавени фотографии на повредена жена во протестот, што беше лажна фотографија, која реално е фотографија на повредената Мис Финска. Беше употебена и фотографија од спорт на пејачката Северина. Јавноста тоа го препозна и осуди, рече Поповски. Владата, рече Попвски ја има транспарентноста и отчетноста како борба протов лажните вести. Форумот во организација на УСАИД продолжува со дискусија за улогата на професионалното и квалитетно новинарство во борба против лажните вести.