Тренерот на Атлетико Мадрид, Чоло Симеоне, го изрази својот став за интересот на Челзи за словенечкиот голман, Јан Облак:
-Не сум изненаден. Секоја година на крајот од сезоната нашите најдобри играчи се на радар на врвните тимови. Ова е нормално, клубовите секогаш ги бараат најдобрите играчи, а ние ги имаме многу. Логично е дека Облак привлекува интерес, но се надевам дека тој ќе продолжи да игра за Атлетико, затоа што тој е важен дел од нашиот тим, изјави аргентинскиот стратег.
Во сезоната 2019/20, Облак бранеше на 46 меча за Атлетикот и прими 35 голови.