Изгоре жена во пожар во Крива Паланка – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 3:25 PM

Изгоре жена во пожар во Крива Паланка

МВР соопшти дека вчера (15.07.2020) во 11.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на ул.„8 Октомври“ настанал пожар во куќа сопственост на Љ.П.(57), која како последица на  пожарот починала.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната екипа на Крива Паланка.Се работи на расчистување на случајот.