Диџеј Никос Диамантопулос повторно во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 12:51 PM

Диџеј Никос Диамантопулос повторно во Скопје

Иконата на електронската музика од соседна Грција, артистот чии хитови сè уште се вртат на најпопуларните подиуми и радиостаници ширум светот – Никос Диамантопулос повторно доаѓа во Скопје.  Гостувањето на Диамантопулос е закажано за утревечер, петок 17 јули,  како дел од музичкиот серијал насловен „Intermеzzo Music Rituals“, во клубот „Интермецо“.

Ова не е прво гостување на Диамантопулос во Скопје, кој патем е вистински хаус-музички ветеран кој ѝ служи на музичката индустрија повеќе од 30 години. Тој во својата биографија има повеќе од 200 изданија, вклучувајќи четири албуми  и соработува со најпознатите уметници.

Гостувањето на Никос Диамантопулос е само почеток на едно навистина жешко музичко лето и старт на серијалот гостувања на врвни диџеј имиња кои ќе застанат зад најжешкиот диџеј пулт во градот.