Ципрас му честита на Заев:Од денес е посилна пораката на силите против национализмот – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 10:32 AM

Ципрас му честита на Заев:Од денес е посилна пораката на силите против национализмот

Поранешниот грчки премиер и креатор на Преспанскиот договор, Алексас Ципрас, на Твитер му ја честита победата на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Благодарение на вашите напори, денес стана посилна пораката за храбри прогресивни сили кои се борат против национализмот, за социјална правда и мир во нашиот регион. Пораката не само за Балканот, туку за цела Европа, напиша Ципрас во пораката до Заев.