Раперот Вест и официјално кандидат за претседател на САД – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 10:24 AM

Раперот Вест и официјално кандидат за претседател на САД

Американскиот рапер Кање Вест плати 35.000 долари надоместок за да се кандидира како независен кандидат на претседателските избори во САД и ќе се појави на гласачкото ливче во сојузната држава Оклахома, пишува „Гардијан“.

Тој е еден од тројцата независни кандидати, кои уплатија пари за учество на изборите што ќе се одржат во ноември.

Вест важи за симпатизер на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Би можел да ги земе гласовите на црнечката популација во САД наклонета кон кандидатот на демократите Џо Бајден. Својата верзија на Белата куќа Вест ја замислува „по примерот на филмот ’Црн пантер’“.