Вчерашните десетти парламентарни избори во Македонија побудија голем интерес во балканските медиуми. Речиси сите највлијателни гласила во регионот до доцна синоќа објавуваа вести од максимално неизвесните избори. Сите потсетуваат дека изборите се одржале во услови на епидемија на коронавирусот, со заштитна опрема, а и нагласуваат, дека, во такви услови, била постигната релативно висока излезност, повисока од таа во Србија и во Хрватска, кои претходно имаа избори исто така во корона-услови.
Еве дел од насловите во балканските медиуми за вчерашниот зиборен ден во Македонија.
„Мртва трка на изборите во Македонија“; „Низ иглени уши: Заев проглади победа“; „Македоија среде корона-криза гласаше под маски“; „Мртва трка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, разликата помала од еден отсто“; „Падна сајтот на ДИК, хакерски напад однадвор“, се дел од насловите во српските медиуми.
„Избори за трилер во Скопје“; „Избори во Скопје: Зоран Заев победи со мала разлика“, пишуваат грчките медиуми. „Избори среде пандемија: Владејачката коалиција на Заев во тесно водство“, е насловот во хрватски „Јутарњи лист“; „Владејачката СДСМ прогласи победа“, објави РТ на Црна Гора; „Тесна борба на две партии“ и „Мртва трка во Македонија“, се насловите во сараевски „Аваз“ и во босански „Вијести“…