Време: Денес претежно сончево, до 34 степени, се очекува врнежлив викенд – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 6:00 AM

Време: Денес претежно сончево, до 34 степени, се очекува врнежлив викенд

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните и понекаде во северните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура до 34 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

До утре попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник ќе биде сончево со пораст на температурата.