Семејството на Колумбиец, кој „починал“ во болница пред неколку дена, одбило да го поверува тој факт, па тие дошле во мртовечницата каде што тој лежел и сè уште дишел! Лекарите во болницата во Синселех, кај Сукре му рекле на семејството дека 67-годишниот Хуан Хозе Муноз Ромеро починал од висок крвен притисок, што во прво време ги шокирало.
Но, сестрата на Хуан не сакала да се помири со тоа, туку рекла на семејството да одат со неа во мртовечницата за да се уверат дека тој навистина е мртов. Едноставно, нешто не дало мир.
Откако влегле во мртовечницата, го виделе на една маса како дише и очите му биле отворени.
„Влегов во мртовечница додека другите членови на семејството го одвлекуваа вниманието на лекарите. Знаев дека нешто не е во ред. Тој беше жив, но тешко дишеше затоа што немаше доволно крв во телото “, рече Марија Ромеро.
Никој од болницата не се огласи по овој случај, додека семејството ќе ја тужи болницата во наредните денови. Хуан Хозе Муноз Ромеро во моментов е во друга болница каде полека се опоравува. Патем исто така бил и негативен на тестот за коронавирус.
Извор: informer.rs