Распределбата на мандатите ќе биде соопштена утре – најави портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани. На вечерашната прес конференција тој изјави дека официјалните проверки се’ уште се прават, поради што мандатите не може да бидат соопштени.
Шабани потврди и дека веб страницата на ДИК паднала поради надворешен хакерски напад, а тоа допрва треба да биде проверено од надлежните органи.
„Во наредните денови ќе кажеме што точно се случи. Во моментот можам да кажам дека се работи за надворешен напад на платформата на која се прикажуваат резултатите за јавноста, не и на програмата за внес на податоците“, појасни Шабани.


