Народот не сака коруптивна и криминална Влада, народот покажа дека сака обнова, Игор Јанушев соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе освоени гласови на овие избори – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/20 12:19 AM

Народот не сака коруптивна и криминална Влада, народот покажа дека сака обнова, Игор Јанушев соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе освоени гласови на овие избори

Општина Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Велес, Охрид, Прилеп, Градско и низа други градови и општини во Македонија кадешто најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ има повеќе освоени гласови од главниот опонент СДСМ и коалицијата „Можеме“, предмалку на последната прес-конференција ја извести јавноста генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

-Народот не сака коруптивна и криминална Влада. Народот сака обнова. Опозицијата покажа дека има повеќе гласови на овие избори. Единствено разликата ја прави Д’Онтовиот модел. Неизвесна е трката, ќе почекаме до утринава да ги видиме конечните резултати, изјави Јанушев.

Тој уште еднаш повтори дека постојната Влада е истрошена и дека време е за промени. Прогласувањето на победа на СДСМ го нарече веќе видено, со оглед на тоа дека СДСМ во изминатите години прогласувала победа и кога губела на изборите.

-Благодарност до сите граѓани кои и покрај сите притисоци се одлучија за промени. Со тој кредибилитет влегуваме во трка за мнозинство за нова Влада. Ќе повторам уште еднаш, трката е неизвесна и веќе изутрина работите ќе бидат појасни, додаде генералниот секретар на ДПМНЕ.

Во меѓувреме, од СДСМ известија за предност од три мандати пред ВМРО-ДПМНЕ.