Со употреба на пиротехнички средства, членовите на СДСМ прогласија победа на денешните избори. Тие скандираа „победа, победа“ од зградата на општинската организација СДСМ Центар, која се наоѓа веднаш спроти централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, од штабот на партијата предводена од Христијан Мицкоски се уште нема најави за нова прес конференција. Додека се случуваше ова, имаше и полициско обезбедување од десетина службеници.


